Наполи и Болоња се договорија за Верди, фудбалерот на потег

Наполи е пред реализација на првото зимско засилување, откако Болоња прифати 25 милиони евра за нивниот напаѓач Симоне Верди. Според италијанските медиуми, двата клубa ги договорија условите за трансферот на Италијанецот, останува Верди да го каже последниот збор, односно да даде „зелено светло“ за својата преселба на „Сан Паоло“.

„Наполитанците“ веќе имаат и подготвено договор со одредена плата, претпоставуваат дека Верди ќе се согласи на четиригодишен договор со плата од 1.5 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси, речиси двојно повеќе од неговата сегашна заработка во Болоња.

Поранешниот младинец на Милан моментално ја ужива својата најдобра сезона во дресот на калчолигашот, со шест погодоци и пет асистенции на 20 меча го привлече вниманието на неколку клубови, но по сите изгледи Наполи е тимот кој ќе го осигура неговиот потпис.

 

Се вчитува...