Наваро на списокот на „фуријата“, станува нов рекордер на Евробаскет

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Серџо Скариоло, го објави списокот на кошаркари на кои смета за претстојниот Евробаскет 2017, а на него се најде и легендарниот Хуан Карлос Наваро. Тој настапува за „црвената фурија“ од Олимписките Игри во Сиднеј 2000 година, а го пропушти само Европското првенство во 2013 година.

Наваро доколку настапи на три натпревари на претстојниот Евробаскет, ќе стане нов рекордер по бројот на настапи во шпанскиот национален тим и ќе го надмине Хуан Антонио Сан Епифанио. Тој има 239 натпревари во дресот на „црвената фурија“.

На списокот на Скариоло овојпат го нема крилниот центар на Реал Мадрид, Фелипе Рејес, кој побара одмор од ова натпреварување, но напомена дека се уште нема намера конечно да се откаже од репрезентативната кариера.

Шпанија на Евробаскет 2017 ќе биде во групата Ц, заедно со селекциите на Романија, Хрватска, Чешка, Црна Гора и на Унгарија.

Се вчитува...