Норвешка - за триумфален крај на најдобрата фудбалска година во историјата! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Норвешка – за триумфален крај на најдобрата фудбалска година во историјата!

Норвешка – за триумфален крај на најдобрата фудбалска година во историјата!

Македонската фудбалска репрезентација посакува со победа на пријателскиот дуел против Норвешка, денеска од 18:30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, да ја заврши најуспешната фудбалска година за Македонија во историјата.

Избраниците на Игор Ангеловски, по претходни четири натпревар без порази (две победи против Израел и Лихтенштајн, и две ремија со Албанија и Италија), повеќе од решени се да ја продолжат низата на позитивни резултати. Сето тоа за позитивно заокружување на 2017 година, како мотив за сето она што ќе ни следи во иднина…

Знаеме дека Норвешка е многу незгоден противник, силен во дуел играта и агресивни на секој дел од теренот. Оваа година одигравме навистина одлични натпревари, резултатите исто така се позитивни и се надевам дека победнички и ќе ја завршиме годината. Секој што ќе добие шанса од селекторот треба да го даде најдоброто од себе. Иако е пријателски, на утрешниот натпревар треба да пристапиме како да е квалификациски и одново да се радуваме на позитивен резултат“ – вели офанзивецот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски, кој вечерва со Горан Пандев ќе биде во најистурената напаѓачка линија на Ангеловски.

За Македонија ова ќе биде четврта пресметка со Норвешка. Досега немаме ниту една победа со овој противник, наспроти едно реми и два порази.

МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА

Национална арена „Филип Втори“ во Скопје. Денеска, 18:30 часот.

Цена на билети: Јужна трибина / Блок 1, 2, 5 и 6 – 100 денари; Блок 3 и 4 – 150 денари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.