Нов мега-трансфер на Вест Хем, Карвалјо пристигнува за 40 милиони фунти

Вест Хем е на прагот да доведе уште едно големо засилување, откако преговорите за Вилијам Карвалјо од Спортинг Лисабон се во завршна фаза. Трансферот на Португалецот ќе изнесува вкупно 40 милиони фунти, што би значел нов клупски рекорд за „чеканите“ од Лондон.

Фудбалерот од средниот ред нема да биде на располагање за Спортинг за утрешниот дуел против Стеауа Букурешт во рамките од последното коло од квалификациите за ЛШ, што делумно ги потврдува шпекулациите за неговата преселба во Англија. Вест Хем и претходно се обидуваше да го купи Карвалјо, но португалскиот клуб ја одби првичната понуда од 27 милиони фунти, но новата понуда ја достигна сумата на неговата клаузула, така што Спортинг сега е со врзани раце.

За Карвалјо во минатото најмногу се интересираше Арсенал, но Венгер имаше неколку неуспешни обиди да го доведе на „Емирати“. Ливерпул, Јувентус и уште неколку европски гиганти исто така чекаа своја шанса.

Се вчитува...