Нова „бомба“ од Париз: ПСЖ подготвува 90 милиони фунти за Нголо Канте - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Нова „бомба“ од Париз: ПСЖ подготвува 90 милиони фунти за Нголо Канте

Нова „бомба“ од Париз: ПСЖ подготвува 90 милиони фунти за Нголо Канте

Арапските газди на ПСЖ се подготвени повторно да го одврзат „ќесето“ следното лето и да исплатат неверојатни 90 милиони фунти за фудбалерот на Челси, Нголо Канте.

„Светците“ ќе имаат нова мисија во наредниот преоден рок да го засилат средниот ред, со оглед дека Тијаго Мота веќе е на залезот на кариерата, а Марко Верати се уште е на радарот на Барселона. Емери го смета Канте како долгорочна замена за еден од овие двајца.

Француската ѕвезда на „сините“ има договор до 2021 година, пристигна лани за 30 милиони фунти од Лестер, народски кажано го купија за „џабе“, знаејќи дека има клучна улога во тимот на Антонио Конте.

Канте е првиот фудбалер во историјата на Премиер-лигата кој ја освоил титулата во две последователни сезони, со два различни клубови. Неговите импресивни настапи му заработија и место меѓу 30. фудбалери-кандидати за „Златна топка“ 2017.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.