Новиот Audi Q5 со импресивни перформанси на Euro NCAP - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Новиот Audi Q5 со импресивни перформанси на Euro NCAP

Новиот Audi Q5 со импресивни перформанси на Euro NCAP

Новиот Audi Q5 се закити со пет ѕвезди на Euro NCAP, што претставува највисок рејтинг на организацијата. Одличниот резултат е доказ дека бестселерот од Инголштат е меѓу најбезбедните автомобили во класата. Audi Q5 го покажа својот квалитет на сите тестови. Новата генерација на  најпродаваниот премиум модел во сегментот од Audi ги освои поените за заштита на патниците, безбедност на децата и пешаците. Исто така, уште еден придонес за високото рангирање на Audi Q5 е системот за помош на возачот кој се добива како стандардна опрема – вклучувајќи го системот за итно сопирање во градски услови при мали брзини.

Q5 постигна одлични резултати кога станува збор за пасивната безбедност и покрај тоа што кај новиот модел е намалена вкупната тежина за 90 кг.  Извонредните резултати на NCAP тестот ги истакнаа високите стандарди на брендот со четирите прстени во областа на активната и пасивната безбедност, и лесната конструкција.

Euro NCAP спроведува споредбени безбедносни тестирања на нови автомобили уште од 1997 година. Во организацијата Euro NCAP учество земаат голем број на европски министерствата за транспорт и автомобилски клубови, осигурителни компании и групи за заштита на потрошувачите. Широкиот спектар на барања и високите критериуми на тестирањата се значително посложени од спецификациите поставени од Европската легислатива.

Audi Q5

- Комбинирана потрошувачка на гориво l/100 km: 8.2 – 4.9  

- Комбинирана CO2 емисија g/km: 187 – 129

Комерцијален текст

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.