Новите момци на сер Боби повторно високо летаат: Хет-трик на Костадинов за убедлив триумф над Ерменија (ФОТО)

Извонреден почеток на новата македонска млада репрезентација на стартот од новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019.

Во првиот свој натпревар од новите квалификации момците на Благоја Милевски славеа убедливо со 0-3 на гостувањето против Ерменија во Ереван.

Творец на победата на Македонија беше Тихомир Костадинов кој ги постигна сите три погодоци. Најпрво во 8. минута кога му асистираше еден од најголемите наши бисери, Елиф Елмас. Вториот во 26. минута повторно искористувајќи една грешка во домашната одбрана, и третиот во 72. минута кога мајсторски со глава погоди од непосредна близина.

Сето тоа за убедлива победа и феноменален старт против репрезентацијата која е лидер во нашата квалификациска група. Ерменците досега од два натпревари имаа 4 бода, а ова им е прв пораз.

mladi 21

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019

ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-3 (0-2)

Стадион на Академија на ЕФФ. Гледачи: 300. Стрелци: Костадинов 8′, 26′, 72′ (М). Ж. картони: Амановиќ, Симовски (М).

ЕРМЕНИЈА: Авагјан, Карташјан, Хабокјан, Хајрапетјан, Илјагозјан, Ашланјан, Галштајн, Бичаклчјан, Саргсајн, Хабокјан, Петросјан

Селектор: Артур Восканјан

МАКЕДОНИЈА: Илиќ, Попзлатанов, Амановиќ, Симовски, Чешмеџиев, Кулески, Тотре, Селмани (82′ Петковски), Елмас, Георгиев (68′ Абаз), Костадинов (77′ Здравковски)

Селектор: Благоја Милевски

ТАБЕЛА: Ерменија (од 3 натпревари) 4 бода, Србија (1 нат.) 3 бода, МАКЕДОНИЈА (1 нат.) 3 бода, Русија (1 нат.) 1 бод, Гибралтар (3 нат. ) без бодови.

Се вчитува...