Алиоски е играч на месецот на Лидс јунајтед

Одличните игри на Езгјан Алиоски минатиот месец придонесоа тој да биде избран за најдобар фудбалер на Лидс јунајтед за ноември, според гласањето на навивачите на овој англиски клуб.

Алиоски доминираше во гласањето, освојувајќи 73% од вкупните гласови на фановите, пред Самуел Саиз, кој ја доби оваа награда за месец октомври.

Наградата, часовник од брендот „Торп арч“, е сосема заслужена ако се знае дека македонскиот ас се запиша меѓу стрелците на сите средби од Чемпионшип-дивизијата на кои настапи во ноември, a од Алиоски се очекува да продолжи во ист ритам за Лидс да има шанси во борбата за влез во Премиер-лигата.

alioski nagrada

Се вчитува...