Обрадовиќ нема да го пушти Антиќ да игра за Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Обрадовиќ нема да го пушти Антиќ да игра за Македонија

Обрадовиќ нема да го пушти Антиќ да игра за Македонија

Перо Антиќ во изјава за „Дојче веле“ обелодени дека ќе ги пропушти летните претквалификации, но веднаш потоа ќе му биде на располагање на селекторот Јорданчо Давитков за главната квалификациска фаза за СП 2019, доколку Македонија се пласира. Сепак, Антиќ нема да може ниту тогаш да настапува за националниот тим, доколку во меѓувреме не ги промени клупските бои, откако тренерот Жељко Обрадовиќ јасно стави до знаење дека Фенербахче нема да ги пушти своите кошаркари да бидат дел од квалификациските средби.

Проблемот е добро познат – војната меѓу ЕКА и ФИБА, па откако светската куќа на кошарката го промени форматот на квалификациите, а календарот го закажа за ноември, февруари и јуни, а челниците на Евролигата во истите тие термини закажаа натпревари за елитното европско натпреварување.

Обрадовиќ им порача на кошаркарите дека мораат што поскоро да формираат синдикат за самите да си решаваат за судбината, но и откри дека ставот на Фенербахче е јасен – играчите на актуелниот европски првак нема да добијат зелено светло за да играат за своите репрезентации.

„Сега ситуацијата е многу поинаква отколку кога јас бев играч, се играат премногу натпревари. Видете го новиот проблем на Евролигата и ФИБА, сега се настојува уште повеќе да се зголеми бројот на средби. Има и други проблеми, што ако некој се повреди во тие десет дена додека е со репрезентацијата, кој ќе го плаќа тогаш, никој не зборува за тоа. Мислам дека е време кошаркарите да се организираат и како синдикат да си ги решаваат проблемите. Она што јас можам да го кажам во моментов е дека Феербахче има дециден став – нашите играчи нема да играат за своите репрезентации“ – истакна трофејниот тренер.

Се уште е неизвесно дали Перо Антиќ ќе остане дел од Фенербахче, особено откако вчера беше комплетиран и трансферот на Николо Мели, кој настапува на позицијата на македонскиот ас. Сепак, дури и доколку замине во друг врвен клуб што е дел од Евролигата, речиси сигурно е дека Антиќ нема да добие зелено светло за да помогне на репрезентацијата, барем на натпреварите во ноември и февруари, додека евролигашката сезона е во тек.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.