Одредени термините за продолжување на ракометната сезона

Ракометната сезона во женскиот шампионат на Македонија ќе продолжи на 25 февруари, додека машките екипи ќе продолжат со натпреварување почнувајќи од 4 март, беше договорено на денешната Конференција на клубови од машката и женската Супер-лига.

Според договореното, регуларниот дел на женската Супер-лига ќе заврши на 24/25 мај, а новост е воведувањето на турнирски фајналфор што ќе го реши прашањето на победникот. Во него покрај шампионот ЖРК Вардар, кој не игра во регуларниот дел од сезоната, се приклучуваат и првите три екипи од првенството, а истиот ќе се одржи на 27 и 28 мај. Вардар ќе има стартен број еден и ќе игра со третиот од регуларниот дел, а прво и второпласираните екипи ќе ги одмерат силите меѓу себе во второто полуфинале од плејофот.

konferencija na klubovi rakomet

Регуларниот дел од сезоната во машкиот шампионат ќе заврши на крајот од март, а за 1 и 2 април се закажани првите средби од плејоф и плејаут натпреварувањата. Крајот на двете натпреварувања се очекува на 3 и 4 јуни, додека за 10 и 11 јуни се закажани средбите од баражот за влез во Супер-лигата.

Освојувачките на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција ќе бидат познати на завршни турнири што ќе се одржат од 19 до 21 мај, а домаќините дополнително ќе бидат одредени.

Се вчитува...