Официјално: Мундијалите со 48 селекции од 2026 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/06/2017 17:17
Коментари
26/06/2017 14:20
Кошарка
26/06/2017 12:31
Фудбал
26/06/2017 10:05

Официјално: Мундијалите со 48 селекции од 2026 година

Официјално: Мундијалите со 48 селекции од 2026 година

На Светските Првенства во фудбал во иднина ќе учествуваат по 48 национални селекции, почнувајќи од Светското Првенство во 2026 година. Оваа одлука денеска ја донесе Советот на ФИФА, и тоа едногласно поддржувајќи го предлогот на претседателот Џани Инфантино, кој уште при својата кандидатура најави проширување на мундијалите.

Најавите на оваа тема се појавија уште пред неколку месеци, но денеска стигна и официјална потврда – па така 48-те селекции ќе бидат поделени во 16 групи од по три репрезентации. Најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, а на овој мундијал ќе бидат одиграни вкупно 80 натпревари, што е за 16 повеќе во однос на досегашните светски првенства.

Мило ми е што беше поддржана иницијативата на Џани Инфантино, бидејќи со неа им се овозможува на селекциите кои досега не ни сонувале за настап на СП да имаат реална шанса да стигнат до еден фудбалски мундијал“ – изјави легендарниот Диего Армандо Марадона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.