Омејер и Нарсис се простија од Франција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Омејер и Нарсис се простија од Франција

Омејер и Нарсис се простија од Франција

Даниел Нарсис и Тиери Омејер и дефинитивно ставија крај на своите репрезентативни кариери, затворајќи едно неверојатно поглавје во историјата на францускиот национален тим. Извонредниот шутер и неверојатниот голман освоија се што можеше да се освои со „триколорит“, а по новата светска круна на мундијалот што Французите го играа на домашен терен, Нарсис и Омејер сметаа дека е дојден вистинскиот момент за збогување од репрезентацијата.

Селекторот Дидие Динар по завршувањето на СП 2017 најави дека ќе се обиде да ги разубеди големите ѕвезди од нивната намера, но телевизијата „БЕИН Спортс“ вечерва обелодени дека и официјални Нарсис и Омејер ги известиле и Динар и челниците на федерацијата за својата конечна одлука.

Двајцата големи асови заедно освоија дури 19 титули на големите натпреварувања, а зад Омејер ќе останат 345 средби во репрезентативниот дрес, додека Динар стигна „само“ до 298.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.