Османи: Мора да продолжиме во ист ритам и понатаму на европската сцена

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи очекувано не го криеше задоволството од пласманот на неговиот тим во третото квалификациско коло за Лигата на Европа.

По вчерашното реми (1-1) на гостувањето против Хелсинки во Финска, Османи сепак потенцираше дека тимот не смее да повтори некои недостатоци во играта демонстрирани во текот на првото полувреме, доколку сака и понатаму успеси на европската сцена.

„Секако сме задоволни од пласманот во третото коло до кој стигнавме сосема заслужено. Бевме далеку подобри од Хелсинки во текот на овие вкупни 180 минути. Но, не смееме никој од нас да се задоволиме само со ова до тука. Мора да продолжиме во ист ритам и понатаму на европската сцена. Ако искрено го анализираме вчерашниот меч со Хелсинки не можам да бидам задоволен од првото полувреме, но вториот дел го одигравме одлично по што следеше и погодокот за израмнување. Можевме да дојдеме и до победа повторно, но најважен е пласманот понатаму“ – вели Османи.

Шкендија сега во третото квалификациско коло ја очекува пресметката против литванската Тракаи која го елиминираше шведски Норчепинг.

Се вчитува...