Крај на една ера на „Сантијаго Бернабеу“ – заминува капитенот

Начо Фернандез целиот свој живот го помина во редовите на Реал Мадирд. Сега 34-годишникот ги помина младинските школи на „кралскиот клуб“, играше и за вториот тим, а од 2011 година е дел од првиот тим со кој низ годините освои 24 трофеи.

По заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија ја доби и капитенската лента, оваа сезона настапи на 38 натпревари во сите конкуренции, но се чини дека на крајот на летото ќе биде ставен крај на една ера со оглед на незадоволството на Шпанецот, пред се од тренерот Карло Анчелоти, пренесуваат шпанските медиуми.

Начо не е задоволен од статусот кој го има во клубот, а дополнително го разбеснила одлуката на италијанскиот стратег на неговото место да настапува Чуамени кој во главно ја покрива средината на теренот. Така беше и на последниот натпревар во Лигата на Шампиони против Баерн Минхен кога беше изведен од игра, а неговото место го замени Камавинга за на стоперското место да се помести Чуамени.

Договорот на Начо со Реал Мадрид завршува на крајот на сезоната и очекувањата се дека фудбалерот нема да се сложи за потпис на нов договор. Тој сака да биде стандарден првотимец и затоа ќе ја промени средината.

Се вчитува...