ПАО го растури Химки, Реал Мадрид во „црна серија“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

ПАО го растури Химки, Реал Мадрид во „црна серија“

ПАО го растури Химки, Реал Мадрид во „црна серија“

Повредите на центрите Кузмиќ и Ајон оставија голема трага врз играта на Реал Мадрид, па „кралевите“ вечерва на гостувањето против Басконија го претрпеа и третиот пораз во низа во Евролигата (105-75). Домаќините тргнаа фуриозно и набрзина поведоа со неверојатни 25-5, завршувајќи ја првата четвртина со неверојатни 36 постигнати поени (36-17). „Кралевите“ немаа никакви шанси за камбек бидејќи Басконија одигра фантастично и на крајот заслужено триумфираше со 30 поени разлика. Бобуа со 15 и Хуертас со 13 поени беа најефикасни кај Басконија, додека Дончиќ реализираше 18 поени за Реал Мадрид. Своето деби за „кралскиот клуб“ го имаше новиот центар Валтер Тавареш, кој за 20 минути игра реализираше 10 поени и седум скока.

Панатинаикос немаше милост за Химки, декласирајќи го лидерот во пресрет на ова коло со преубедливи 93-65. Рускиот тим немаше никакви шанси за успех во Атина, ПАО уште во раната фаза стигна до двоцифрена предност што ја зголемуваше буквално до самиот финиш. Денмон со 24 поени беше клучна фигура кај победничкиот тим, додека кај Химки единствен до двоцифрен ефект стигна Швед (17 поени).

Анадолу Ефес по триумфот во Барселона забележа уште една голема победа на гостински терен, овојпат во Тел Авив над Макаби со 72-92. Мора да се истакне дека на половина од последната четвртина разликата изнесуваше осум поени, а Макаби испушти можност да влезе во неизвесен финиш, по што Ефес го демолираше израелскиот гигант во финишот. Клучен играч беше Меколум, кој ги погоди првите шест обиди за тројка во првото полувреме, а мечот го заврши со осум погодени удари од далечина и вкупно 31 поен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.