Пенов: Шампионска титула, зошто да не…

Игор Пенов како капитен на Карпош соколи прв го крена шампионскиот пехар, прв трофеј во историјата на овој клуб кој ги потврдува високите амбиции со кои влезе сезонава.

Ова ни беше петти меч во седум дена, малку бевме изморени и деконцентрирани. Сепак, одговоривме на вистински начин, влеговме во ритам кога беше најпотребно и мислам дека заслужено победивме. Полни сме со самодоверба, играме одлично во АБА-лигата во последно време и добрата форма ја потврдивме и на овој завршен турнир“ – истакна Игор Пенов.

Овој освоен трофеј го крева и оптимизмот дека Карпош соколи ќе биде многу сериозен кандидат и за вториот трофеј сезонава – титулата шампион на Македонија.

Ние влеговме со шампионски амбиции од самиот старт на сезоната, секој спортист игра за да освојува трофеи, а ние веруваме во себе и во квалитетот што го поседуваме. Едно е сигурно, ќе настојуваме да продолжиме во ист ритам, да почекаме уште некој месец, можеби повторно ќе славиме пехар“ – изјави поранешниот член на МЗТ Скопје и Кожув.

Се вчитува...