Полицијата потврди: Експлозија на 10 километри од стадионот, едно лице повредено

Полицијата во Дортмунд преку кратко соопштение го потврди сериозниот инцидент што се случи при доаѓањето на тимот на Борусија на стадионот.

„Во пресрет на мечот од ЛШ меѓу Борусија Дортмунд и Монако, дојде до експлозија на околу десет километри од стадионот, експлозија во близина на тимскиот автобус на Борусија. Според досегашните информации, прозорците на автобусот се скршени, при што едно лице е повредено. Се уште не можеме со сигурно да кажеме што ја предизвика експлозијата“ – се вели во соопштението на полицијата.

Неофицијално, повредите на Марк Бартра не се сериозни, а шпанскиот интернационалец се здобил само со исекотини во пределот на рацете.

Раководството на Борусија преку клупските профили на социјалните мрежи соопшти дека на навивачите на стадионот им е соопштено за случката, а нивната сигурност воопшто не е доведена во прашање. Сите се во исчекување на конечната одлука дали овој натпревар воопшто ќе се игра, што по консултациите со УЕФА ќе биде решено околу 20.30 часот.

Се вчитува...