Атлетико Мадрид се зацврсти на „Кота 4“

Атлетико Мадрид се зацврсти на четвртото место во Ла Лига откако во вечерашниот дуел славеше со 3-1 над Атлетик Билбао, па тимот на Диего Симеоне сега има шест бода предност во однос на незгодниот ривал од Баскија кој се наоѓа на петтата позиција.

Де Пол со силен удар од дваесетина метри ги донесе домаќините во водство, а пред крајот на полувремето Атлетик Билбао израмни преку Нико Вилијамс, кој со гол ги замолкна домашните навивачи кои неколку миунти претходно расистички го навредуваа голгетерот на гостинскиот состав.

Атлетико Мадрид сепак беше подобар противник на теренот и заслужено стигна до победата, најпрвин Кореа погоди за 2-1, пред ударот на Лино да ја запечати победата, топката удри во дирекот, се одби од голманот Симон и се врати во мрежата на огромна радост на домашните навивачи на стадионот во Мадрид.

Се вчитува...