Пораз на Вецлар, Миркуловски без погодок

Филип Миркуловски со екипата на Вецлар на домашен терен загуби од Лајпциг со 22-23 во натпреварот од 7.коло во германската Бундес-лига. Во драматичниот финши, Вецлар на 30 секунди пред крај успеа да изедначи на 22-22, но гостите го искористија последниот напад за минимална победа и важни гостински бодови.

Со овој триумф Лајпциг ја прекина победничката серија на Вецлар кој во претходните две кола славеше против Либек и гоо изненади Кил. Но, не успеа да остане во ист ритам и на денешниот дуел со Лајпциг. Ив Кункел беше го предводеше гостинскиот тим со осум гола, а Каспер Квист со четири погодоци беше најефикасен во сосатвот на Вецлар. Миркуловски запиша две асистенции, но не постигна гол на овој натпревар.

Се вчитува...