После Роналдо - Елиф Елмас! Супер-агентот Жорге Мендеш го сака под свое македонскиот мегаталент - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

После Роналдо – Елиф Елмас! Супер-агентот Жорге Мендеш го сака под свое македонскиот мегаталент

После Роналдо – Елиф Елмас! Супер-агентот Жорге Мендеш го сака под свое македонскиот мегаталент

Најдобриот фудбалски агент во светот, Португалецот Жорге Мендеш, кој за свои клиенти ги има Кристијано Роналдо, Радамел Фалкао, и огромен број други ѕвезди, како и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, сака да го земе под свое македонскиот мегаталент Елиф Елмас. Оваа вест како бомба одекна во Турција, а секако ќе го обиколи и целиот свет, затоа Жорге Мендеш соработува само со мегаѕвезди, а проценил дека и Елиф Елмас може да стане фудбалер од светски калибар.

zorge mendes

Елиф Елмас ова лето од Работнички се пресели во турскиот гигант Фенербахче, но се уште не е лиценциран, затоа што ФИФА не го дозволи тоа, бидејќи е малолетен, иако клубот упати специјално барање. Сепак, Елмас ќе мора да почека до јануари, и со оглед дека ќе стане полнолетен на 27.септември, ќе може без проблеми да отпочне со настапи во дресот на Фенербахче. А ако го земе Жорге Мнедеш под свое, можно е многу брзо да го видиме и во Реал Мадрид, или Манчестер јунајтед, или Пари Сен Жермен…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.