Повредата не е наивна: Погба би можел да паузира и до шест седмици

Францускиот интернационалец Пол Погба, кој го повреди бутниот мускул на мечот од Лигата на шампионите против Базел, би можел да отсуствува од терените и подолго од првичните предвидувања. Проценките беа дека ќе бидат потребни три седмици за да се опорави, но по деталните прегледи е уврдено дека повредата е посериозна, па можеби Погба ќе мора да паузира дури шест седмици.

Ова значи дека Французинот ќе биде комплетно неизвесен и за дербито против Ливерпул на „Енфилд роуд“ на 14 октомври, а би бил опоравен за дуелот со Тотенхем на 28 октомври. Поради повредата тој нема да игра ниту за селекцијата на Франција на последните два квалификациски меча од циклусот за СП 2018 против Бугарија и против Белорусија.

Се вчитува...