Кристијан Прокоп го преживеа бранот на незадоволство на германската ракометна јавност, па овој млад стратег ќе остане на чело на германската репрезентација и во следниот период. Само за потсетување, оваа селекција потфрли освојувајќи го деветтото место на ЕП во Хрватска, дел од медиумите бараа смена на селекторот, но федерацијата денеска му изрази поддршка на Прокоп, кој ќе продолжува да ја извршува селекторската функција и во наредните месеци.
„Претседателството денеска одржа работен состанок, на кој мнозинството одлучи да му биде укажана доверба на Кристијан Прокоп. Тој останува наш селектор и во периодот што следи“ – изјави првиот човек на Германската Ракометна Федерација, Андреас Михелман.
Ова значи дека Прокоп ќе ја предводи германската репрезентација на претстојните контролни средби со Србија во април, кои ќе бидат подготовка за СП 2019, мундијалот на кој Германија е ко-домаќин заедно со селекцијата на Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА