Пролет потпиша со Давитковски

Екипата на Пролет уште повеќе ги засили своите редови за вториот дел од сезонава откако денеска потпиша договор со Кристијан Давитковски.

Станува збор за квалитетен десен бек кој доаѓа од редовите на Борец, но беше принуден да си замине од Велес поради финансиските проблеми на овој клуб. За услугите на Давитковски се интересираа уште неколку суперлигаши, но тој од неколкуте понуди ја избра онаа на Пролет.

Давитковски со потписот за Пролет ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата десен бек, каде за минутажа ќе се бори со Доне Мајнов.

Се вчитува...