Промена на термините за Ф4 во СЕХА, вардарци стартуваат први

Од СЕХА лигата соопштија дека има промени во распоредот на полуфиналните натпревари на Ф4 турнирот во Скопје.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест кој првично беше закажан во вечерниот термин од 20.15 часот, сега ќе биде прв на програмата со почеток во 17.45 часот, а Целје и ППД Загреб ќе играат потоа на првиот ден од турнирот на 13 април.

Завршните мечеви ќе се одиграат во истите термини на 15 април. Натпреварот за 3.место ќе се игра од 17.45, а финалето е истиот ден со почеток во 20.15 часот.

Скопје по втор пат е домаќини на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига, кој годинава го бележи седмото издание.

Се вчитува...