ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар победнички во Чаир, реми на Силекс и Шкендија… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (0-2)

– Балотели 20′, Барсегјан 53′

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА (4-0)

Мишковски 16′, Велинов 65′, Нафиу 85′ (п), 90′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (1-0)

Трифуновски 78′

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-1)

Филиповски 46′ – Жуниор 47′

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1

ТАБЕЛА: Вардар 68 бода, Шкендија 55, Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија ЃП 19 бода.

===================================================================

КРАЈ И НА ДУЕЛОТ ВО БИТОЛА. Пелистер конечно победи, по шест едноподруго натпревари без триумф

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ И ВО КРАТОВО. Силекс и Шкендија ги поделија бодовите

КРАЈ НА ДУЕЛОТ НА ЧАИР. Победа на Вардар

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА (4-0)

4-0 – 90′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Валмир Нафиу со својот втор гол на мечот носи и дефинитивно повеќе од убедлива победа за „гипсарите“

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА (3-0)

3-0 – 85′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Валмир Нафиу од пенал, Ренова доаѓа до водство и од 3-0

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 78′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Конечно домашните поведуваат. Убава акција на Пелистер. Лукас го проигра Петров, тој одигра повратна топка за Иве Трифуновски, кој во првиот допир со топката по влегувањето во игра, постигна гол

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

75’ – Супер шанса за Пелистер. Силва нафрли од левата страна, Ковачев шутираше со глава, но Талевски одбрани со неверојатна интервенција

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

66’ – Нова шанса за Баже Илијоски, шутира од десет метри над голот на Победа

ШКУПИ – ВАРДАР (0-2)

71′ – Фисник Зука се обиде со удар од околу 20 метри, но Гачевски брани

Skupi - Vardar 8

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

2-0 – 65′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со погодокот на Стојанче Велинов, Ренова доаѓа до водство и од 2-0

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

56’ – Ковачев одигра повратна топка со глава за Баже Илијоски, кој шутира од десетина метри, но за малку крај голот на Победа.

ШКУПИ – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 53′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По корнерот од десната страна на Фелипе, на првиот дирек Барсегјан највисок во скокот со глава и сместува во спротивниот агол

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

52′ – Добар обид на Николов од далечина, но Зендели брани исфрлајќи во корнер

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 47′ – ФОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По кратко Жуниор враќа со вистински евро-гол од 20 метри стрелајќи под гредата од домашниот гол

sileks - skendija

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 46′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кристијан Филиповски го носи Силекс во водство

* Заврши првото полувреме на дуелите од 28. коло во ПМФЛ

* КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА МЕЧОТ МЕЃУ ШКУПИ И ВАРДАР

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

44′ – Бајрами се најде во убава шанса за Шкупи, но недоволно силно шутира и лесен плен за Гачевски

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

38’ – Карчески се најде во шанса за Победа, но Тошевски успеа во последен момент да ја расчисти опасноста.

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

38′ – Барсегјан се најде во убава шанса, но по неговиот шут Зука спасува на самата гол линија

skupi - vardar 2

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

33′ – Одличен удар на Горан Попов од околу 30 метри од слободен удар, но Зендели брани одбивајќи ја топката во поле

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

22′ – Убава шанса за Силекс, Пановски доби од десната страна убава топка но гостинскиот шеснаесетник, шутира од 5-6 метри но брани Захов

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 20′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Убаво двојно проигрување меѓу Николов и Балотели, па вториот се пробива по десната страна и од 7-8 метри ниско по земја носи водство за шампионот

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 16′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Со погодокот на Ненад Мишковски, „гипсарите“ доаѓаат до предност на дуелот со Брегалница

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

15′ – По онаа шанса на Блажевски, никакви возбудувања во следните десет минути на дуелот на Чаир

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

10′ – Мирно во Кратово, без ниту една посериозна шанса на двете страни

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

8’ – Фернандо продре по десната страна, одигра повратна за Илијоски на пеналтикот, тој шутираше, но одбраната на Победа блокираше во последен момент.

skupi 2

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

5′ – Прва можност за Вардар, Блажевски се проби по левата страна шутира откосо но Зендели брани исфрлајќи во корнер. По корнерот Попов ја зафаќа топката со волеј од десеттина метри но непрецизно

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

2’ – Баже Илијоски во првата шанса, шутираше со волеј-удар по центрашутот на Фернандо, но Талевски одбрани

* ПОЧЕТОК И НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД 28. КОЛО ВО ПМФЛ

sudija stavrev

* ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ НА ЧАИР МЕЃУ ШКУПИ И ВАРДАР

* Познат е и состав на Вардар за пресметката на Чаир: Гачевски, Брдаровски, Велковски, Новак, Попов, Спировски, Николов, Фелипе, Балотели, Блажевски, Барсегјан… Во тимот го нема капитенот Бобан Грнчаров кој е суспендиран по исклучувањето во Тетово.

vardar 2

* Шкендија, пак, на пресметката против Силекс во Кратово ќе игра без капитенот Ферхан Хасани, кој исто така е суспендиран на два меча, а во првиот тим го нема Радески, се враќа Бесарт Абдурахими

* Повеќе од 5.000 гледачи на стадионот на Чаир каде се очекува пресметката меѓу Шкупи и Вардар

skupi navivaci

===================================================================

Стартуваат натпреварите од 28. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...