Ракометарките замрзнаа на „минус 27“ од Русија

Јуниорската репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз во групната фаза од ЕП во Словенија, откако нашите ракометарки попладнево беа декласирани од Русија со убедливи 42-15.

Противникот уште од првата минута почна да ја оправдува фаворитската улога, добивајќи го првото полувреме со 20-9. Како што одминуваше времето, така растеше и предноста на руските јуниорки, па нашиот национален тим го загуби овој меч со 27 гола разлика.

„Црвено-жолтите“ во рамките од третото коло се среќаваат со Норвешка, уште еден натпревар на кој важат за тотални аутсајдери.

Се вчитува...