Раул: Останувам селектор на Македонија, среќен сум што одам во ПСЖ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Раул: Останувам селектор на Македонија, среќен сум што одам во ПСЖ

Раул: Останувам селектор на Македонија, среќен сум што одам во ПСЖ

Раул Гонзалес го напушта Вардар и по завршувањето на сезонава се сели на клупата на Пари сен Жермен. Финансиската кризза во таборот на „црвено-црните“ го стори своето, покрај Гонзалес се најавува и заминување на голем дел од клучните ракометари, но добра вест во целата ситуација е што Шпанецот планира да остане максимално лојален кога станува збор за ангажманот како селектор на македонската репрезентација.

„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор како селектор на Македонија до 2020 година што планирам максимално да го испочитувам“ – изјави Гонзалес.

Иако трансферот е потврден од сите освен од раководството на ПСЖ (што е само прашање на време), скромниот Шпанец не сака да говори премногу за својот нов клуб.

„Париз е прекрасен град, но мој приоритет е ракометот. Среќен сум што од следната сезона ќе бидам  во ПСЖ, но од почит кон Вардар и кон стручниот штаб што е во моментов во ПСЖ, не би говорел премногу на оваа тема. Ќе имам можност да кажам нешто повеќе при моето доаѓање за неколку седмици“ – ја најави Гонзалес својата промоција во „градот на светлината“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.