Рекордерот Алексис – 42 загубени топки во натпревар

Манчестер јунајтед е елиминиран од Севилја во Лигата на шампионите, а еден од најслабите на теренот повторно беше Алексис Санчез. Фудбалерот кој требаше да донесе инвентивност во играта и ефикасност во нападот повторно беше само бледа сенка од своите најдобри денови во Арсенал, навлекувајќи го уште повеќе бесот на навивачите на „црвените ѓаволи“.

Што да се каже освен податокот дека Чилеанецот вечерва дури 42 пати ја загуби топката во дуелите со противничките фудбалери, апсолутен рекорд на еден играч во Лигата на шампионите сезонава. Без употребливи топки кон напред, но и со никаков придонес во играта во одбрана, Алексис уште еднаш тотално разочара, па нема да биде изненадување доколку во блиска иднина Мурињо го седне на клупата за резерви, два месеци откако му даде рекордна плата, а овој буквално со ништо не ја оправда.

Воедно, денешната елиминација значеше и продолжување на „осминафиналната клетва“ на Санчез, кој четврта година по ред не успева да ја мине првата нокаут рунда од Лигата на шампионите.

Се вчитува...