Рики Рубио ќе „свири џез“ во Солт лејк сити

Рики Рубио ја напушта Минесота и својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Јута џез, соопштија вечерва бројни американски медиуми. Шпанскиот плејмејкер и претходно беше поврзуван со заминување од редовите на „волците“, за челниците на Минесота конечно да дадат зелено светло прифаќајќи ја понудата на Јута.

„Џезерите“ во размена за овој кошаркар го дадоа својот пик од првата рунда на драфтот во 2018 година, добиен преку претходна размена со Оклахома сити. За Минесота многу поважно е што се ослободува од богатиот договор на Рубио, кој требаше да заработи 16 милиони евра во следната сезона.

Рики Рубио играше во одлична форма по олстар мечот годинава, во просек бележејќи 16 поени и 10,5 асистенции по натпревар, па останува да се види дали Шпанецот ќе продолжи во ист стил и во својот нов клуб.

Се вчитува...