Роберто лојален: Барса е клубот на мојот живот

Серио Роберто се наоѓа на листата со желби на Јувентус, Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити, но шпанскиот фудбалер ги израдува фановите на Барселона објавувајќи дека нема намера да си замине од „Камп ноу“. Фактот дека се уште го нема продолжено договорот со каталонскиот гигант воопшто не го загрижува Роберто, кој воопшто не ги разгледува понудите кои пристигнуваат на негова адреса.

Барса е клубот на мојот живот и сакам засекогаш да останам овде, така што немам никакви грижи околу продолжувањето на договорот. Благодарност до сите кои се интересираат за моите услуги, но јас останувам овде“ – порача 25-годишниот фудбалер.

Тој се рехабилитира од повредата заработена пред петнаесетина дена, поради што нема да биде во комбинација за утрешното гостување против Јувентус.

Рехабилитацијата тече добро, нема да играм против Јуве и наредното коло од Примера со Валенсија, но верувам дека потоа ќе се вратам на терените“ – истакна Роберто.

Се вчитува...