Рома му го расипа роденденот на Несторовски

Илија Несторовски денеска го прослави својот 27. роденден, но изостана „шлагот на тортата“ откако Палермо загуби на домашен терен од Рома со 0-3. Македонскиот ас дури и ја носеше капитенската лента на сицилијанскиот клуб, но не успеа да се запише меѓу стрелците иако на самиот почеток постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд.Палермо одигра солиден натпревар, создаде неколку добри ситуации за гол, но на крајот сепак пресуди класата на гостите од Рим. Стефан Ел Шарави го отвои резултатот во првото полувреме, а Един Џеко влезе во игра во вториот дел, па неколку минути подоцна покажа зошто е најдобар стрелец на својот тим со прекрасна реализација крај голманот на Палермо. Конечните 0-3 во последната минута ги постави десниот бек Бруно Перез. Stephan El Shaarawy Goal HD – Palermo 0-1 AS… by billiemccarrollEdin Dzeko Goal HD – Palermo 0-2 Roma – 12.03… by sofiene-l
Bruno Peres Goal HD – Palermo 0-3 AS Roma 12… by riqezi

Се вчитува...