Роналдо лут поради замената, Зидан му испрати јасна порака (видео)

Реал Мадрид со головите на Карим Бензема и Кашемиро успеа некако да слави со 1-2 на „Сан Мамеш“. Но, тоа што остана во центарот на вниманието по натпреварот е потегот на Зинедин Зидан кој се одлучи на десеттина минути пред крајот на мечот од игра да го извади Кристијано Роналдо.

А, Роналдо не навикнал така да се „однесуваат“ со него, очигледно беше лут кон Зидан за замената… Причината за тоа сигурно лежи и во фактот дека Португалецот ја продолжи низата без гол на „Сан Мамеш“ и на четврти натпревар. А, на листата на најдобрите стрелци, со 19 погодоци, е зад Лионел Меси кој има 23 и Луис Суарез со 20 гола.

ronaldo lut

Сепак, Зидан по натпреварот јасно испрати порака за Роналдо нагласувајќи дека неговиот статус во клубот е ист како и секој друг фудбалер…

„Го внесов во игра Иско затоа што сакав средниот ред да го контролира натпреварот до крајот и да внесе смиреност во нашата игра. Роналдо има статус како и секој друг играч во тимот, и може да биде заменет кога јас ќе одлучам во секое време. Може да кажам дека беше среќен по натпреварот затоа што освоивме нови три бода“ – рече Зидан.

Се вчитува...