Русите на ЗОИ 2018 како „неутрални“

Олимпискиот комитет на Русија официјално им даде дозвола на руските спортистите дека можат да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг како неутрални натпреварувачи. Ова доаѓа по неодамнешната одлука на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за суспензија на Русија од ЗОИ по потврдувањето на доказите за систематскиот допинг на ЗОИ 2014 во Сочи.

„Зедничко мислење е дека нашите спортисти треба да одат во Јужна Кореја, да се натпреваруваат и да победуваат“ – изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков.

На руските спортисти сепак, им е дозволено да учествуваат на игрите како неутрални спортисти, без руското знаме и без руската химна, под името „Олимпијци од Русија“.

Се вчитува...