Шкупи доведе репрезентативец на Косово

Македонскиот прволигаш Шкупи ангажира ново засилување од Косово во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Се работи за 21-годишниот талент Рон Броја, кој доаѓа од косовскиот тим Трепча 89.

Броја е капитен на косовската репрезентација за фудбалери до 21 година и, според многу стручњаци, е еден од најголемите таленти на Балканот.

„Пресреќен сум што доаѓам во еден од најуспешните клубови во Македонија. Уште од најмала возраст знам за Шкупи, тимот од Чаир, кој под друго име освојуваше трофеи. Едвај чекам да го облечам дресот на овој клуб и да се претставам пред навивачката група „Шверцери“, изјави Рон Броја за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...