Шкупи се засили и со дефанзивец од Австрија на крајот од преодниот рок

Во последните часови од преодниот рок во Македонија, најактивниот прволигаш во зимскиот трансфер период екипата на Шкупи се засили и со дефанзивец од Австрија.

Тимот од Чаир во пролетниот дел од сезоната ќе биде засилен и со 27-годишниот Тони Типуриќ, фудбалер од Австрија со потекло од БиХ. Типуриќ во Шкупи доаѓа од редовите на романската Конкордија каде настапувал изминатава полусезона.

Типуриќ потекнува од фудбалската школа на Австрија Виена, а има настапувано и за Адмира Вакер, Австрија Луштенау, словачкиот прволигаш Злате Моравче како и естонска Левадија.

Новиот дефанзивец на клубот треба да се приклучи наредниве денови, поради што со сигурност нема да настапи во првото пролетно коло против Академија Пандев во среда од 14 часот.

Се вчитува...