Шокираност во Мадрид: Роналдо сака да се врати во Англија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Шокираност во Мадрид: Роналдо сака да се врати во Англија!

Шокираност во Мадрид: Роналдо сака да се врати во Англија!

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо призна на судењето за затајување на данок дека сака да се врати во Англија.

Веќе од поодамна е познато дека против Роналдо има обвинение за затајување 15 милиони евра данок, поради што наводно летово веќе требало да го напушти Реал Мадрид.

Сега, Ронало истакнува дека и покрај тоа што останал во Мадрид, сега почнал да размислува и за можно заминување од клубот. Веќе постои недоумица кај него, како поради истрагата така и поради постојаните високи суспензии кои ги добива.

„Никогаш не сум имал проблеми во Англија, поради што секако дека сакам да се вратам таму. Во Шпанија го немам потребниот мир“ – истакна Роналдо на судењето.

Португалецот, наводно, ја мамел државата со криење на своите приходи од продажбата на правата за своите фотографии. Приходи кои ги криел, а случај кој го откри германски „Шпигел“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.