Штефи е шефицата– Андре нема да биде цело време со Ѓоковиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Штефи е шефицата– Андре нема да биде цело време со Ѓоковиќ

Штефи е шефицата– Андре нема да биде цело време со Ѓоковиќ

Штефи Граф, сопругата на Андре Агаси, откри дека нејзиниот сопруг нема да биде на сите турнири покрај Новак Ѓоковиќ како негов тренер.

Српскиот тенисер неодамна потврди дека Агаси официјално ќе биде негов главен тренер за 2018 година. Некогашниот прв светски рекет годинава прв пат испадна од Топ 10 на АТП листата и во соработката со легендарниот Андре Агаси бара решени за враќање на победничките патеки. Агаси го придружуваше Ѓоковиќ и изминатата сезона на Ролан Гарос и на Вимблдон, но, нивната соработка немаше официјален карактер.

Иако за следната сезона, тоа е официјализирано, сепак, Штефи Граф открива дека Агаси нема да биде со „полн ангажман“ во тимот на Ѓоковиќ и дека ќе има и периоди кога ќе биде отустен.

Иако е максимално посветен на работата со Новак, Андре нема да биде со полно „работно време“ и нема да биде со него на сите турнири. Мислам дека ќе избере неколку, нема да биде во текот на целата сезона. Нашите животи со нашите деца и со фондацијата се веќе многу зафатени“ – вели Штефи Граф.

Ѓоковиќ после Вимблдон направи подолга пауза поради повредите, а на терен би требало да се врати на егзибицискиот турнир во Абу Даби на крајот на декември. Првиот официјален настап на српскиот тенисер најверојатно ќе  му биде на Австралија Опен на средината на јануари наредната година.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.