Швајцарско финале во Индијан Велс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Швајцарско финале во Индијан Велс

Швајцарско финале во Индијан Велс

Швајцарските тенисер Роџер Федерер и Станислас Вавринка ќе ги одмерат силите во утрешното финале на Мастерс-турнирот во Индијан велс, откако двајцата фаворити лесно ги оправдаа ваквите улоги и со максимални 2-0 во сетови славеа во своите полуфинални пресметки.

Федерер против себе го имаше домашниот миленик Џек Сок, но најдобриот тенисер на сите времиња уште во првиот сет јасно стави до знаење кој е кој. Откако го доби сетот со 6-1, Федерер наиде на посериозен отпор во продолжението, па вториот сет беше решен со тајбрејк. Сок имаше водство од 3-1, но потоа швајцарскиот ас влезе во ритам, го доби тајбрејкот со 7-4 и со осигура пласманот во финалето.

Таму Роџер за ривал ќе го има својот сонародник Вавринка, кој вечерва без никакви проблеми го совлада Шпанецот Карено Буста со 6-3, 6-2. Вавринка во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на изненадување, рутински трасирајќи си го патот кон големото финале.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.