Слоун Стивенс е новата кралица на УС Опен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Слоун Стивенс е новата кралица на УС Опен

Слоун Стивенс е новата кралица на УС Опен

Американската тенисерка Слоун Стивенс е победничка на УС Опен. Тоа е прва гранслем титула за неа во кариерата, а ја освои откако во американското финале во Њујорк ја совлада Медисон Кис, убедливо со 2-0 во сетови (6-3, 6-0).

Стивенс воопшто не беше носителка и пред стартот речиси и да не и даваа никакви шанси за освојување на трофејот. Но, со сигурна игра стигна до големото финале, а во него одигра беспрекорно, и буквално ја збриша од теренот својата сонародничка.

Првиот сет го освои со 6-3, а потоа комплетно се распадна играта на Медисон Кис, која беше 15.носителка на УС Опен. Слоун Стивенс го доби вториот сет експресно, со 6-0 во гемови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.