Словенците решија: Трифуновиќ нов селектор, Кокошков останува како консултант

Радо Трифуновиќ е стратегот што ќе ја има одговорната задача да ја води Словенија низ квалификациите за СП 2019, по заминувањето на Игор Кокошков од селекторската функција откако Словценците се закитија со златен медал на Евробаскет 2017.

Во ситуација кога Кокошков во можност да го води националниот тим во квалификациите поради обврските во НБА-лигата како помошен тренер на Јута џез, челниците на Словенечката Кошаркарска Федерација се решија за нов кормилар да го именуваат Трифуновиќ, кој важеше за десна рака на Кокошков во стручниот штаб во изминатиот период. Воедно, Словенците се пофалија дека се договориле со Кокошков тој да остане дел од националниот тим, но како стручен констултант. Трифуновиќ за помошници ќе ги задржи Јака Лакович и Александар Секулиќ, кои беа дел и од стручниот штаб на Кокошков.

Словенија се наоѓа во група од квалификациите за СП 2019 заедно со Шпанија, Белорусија и Црна Гора.

Се вчитува...