Снегот го одложи стартот на домашното футсал првенство - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/03/2017 11:08
Фудбал
22/03/2017 14:02
Фудбал
22/03/2017 13:04
Фудбал
22/03/2017 11:21

Снегот го одложи стартот на домашното футсал првенство

Снегот го одложи стартот на домашното футсал првенство

Вториот дел од домашното футсал првенство ќе започне неколку дена подоцна од првично предвиденото. Поради лошите временски услови, комисијата за мал фудбал при Фудбалската федерација на Македонија денес одлучи да го пролонгира почетокот на пролетниот дел. Па така, возбудувањата од домашното првенство во футсал наместо на 21. јануари кога беше предвиден стартот на вториот дел, ќе започнат на 26. јануари.

Во првото коло од новата календарска година, актуелниот шампион КМФ Железарец ќе го нагости лидерот на табелата КМФ Велес. Вицешампионот Хедис ќе се пресмета со Ројал Илирет, Шкупи ќе гостува кај СЕЕУ Тетово, Рудник Саса ќе го пречека Јувентус Серава.

Во првиот дел од првенството, Велес заврши на првото место на табелата со 31 бод кој се должи на десет победи и едно реми. Шкупи е второпласиран со три бода помалку, но и еден натпревар помалку. Трет на табелата е СЕЕУ Тетово кој заостанува огромни 12 бода зад лидерот Велес. Последен на табелата е Рудник Саса со само четири освоени бодови кои се должат на една победа и едно реми.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.