„Соколите“ не го платија долгот, нема веќе да играат во БИБЛ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/04/2017 19:27
Фудбал
26/04/2017 18:36
Фудбал
26/04/2017 18:03
Фудбал
26/04/2017 18:12

„Соколите“ не го платија долгот, нема веќе да играат во БИБЛ

„Соколите“ не го платија долгот, нема веќе да играат во БИБЛ

Екипата на Карпош соколи нема да настапува повеќе во БИБЛ-лигата до крајот на сезонава, одлучи денеска раководството на регионалното натпреварување. Македонскиот клуб не ја уплатил сумата со која беше казнет поради излегувањето од терен на мечот со Теодо, поради што челниците на БИБЛ донесоа одлука „соколите“ воопшто да не го играат својот последен меч со Куманово, кој ќе биде регистриран со службена победа на кумановци од 20-0.

Карпош соколи ја надминаа сумата од 12.000 евра како почетен депозит за сезоната 2017/2017. Затоа, за да можат да продолжат со учеството во оваа сезона, Карпош соколи требаше да има на располагање половина од депонираните средства, бидејќи повеќе од половина од сезоната е веќе завршено. Клубот требаше да плати 6.000 евра најдоцна до 24 февруари на пладне. Откако и на 27 февруари не беше уплатена сумата, донесовме одлука да го откажеме натпреварот Куманово – Карпош соколи, што ќе биде регистриран со службена победа на Куманово“ – се вели во соопштението на раководството на БИБЛ.

Ваквиот развој на настаните не е никакво изненадување бидејќи и „соколите“ најавија дека немаат намера да останат дел од ова регионално натпреварување, сомневајќи се во чесноста на водечките луѓе на БИБЛ.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.