Супер-вест: Дени Илиев застана на голот на Арсенал

Младинскиот македонски репрезентативец Дени Илиев не го криеше задоволството што конечно ги остави зад себе проблемите со повредите, па повторно застана на голот на Арсенал. Илиев, кој пред неколку сезони на голот на младинскиот тим на „топчиите“ стигна до финалето од Лигата на шампионите за млади фудбалери, потоа имаше сериозна повреда на коленото поради која долго време мина надвор од терените.

Сепак, тој ја мина рехабилитациската програма и повторно се стави на располагање на тренерите, сега во резервниот тим на Арсенал. Илиев настапил на последниот контролен меч на „топчиите“ на кој неговиот тим славеше победа, за успешен камбек на терените.

По две години официјално можам да кажам дека се вратив и го одиграв својот прв меч денеска против Вартфорд. Не можам да опишам со зборови колку сум среќен што повторно сум дел од тимот, со нетрпение ја очекувам претстојната сезона“ – порача Илиев преку својот фејсбук профил.

Се вчитува...