„Светците“ се разиграа во Марсеј

Пари Сен Жермен одговори соодветно на победите на своите конкуренти, и славеше со убедливи 1-5 на гостувањето на „Велодром“ против Олимпик Марсеј. „Светците“ одиграа одличен меч, а серијата голови ја започна дефанзивецот Маркињос во шестата минута. Во првиот дел погоди и Единсон Кавани и беше јасно дека ПСЖ е блиску до победата.

Тимот на Унаи Емери не застана ниту во второто полувреме. Лукаш зголеми на 0-3, Дракслер го постигна четвртиот гол за ПСЖ, а „петарда“ пукна со голот на Матуиди. Стрелец на единствениот гол за Олимпик Марсеј беше Фани.

All Goals & Highlights HD – Marseille 1-5 PSG… by Bundes-Liga

Се вчитува...