Тантуровски потпиша за босанскиот прволигаш Орашје

Македонскиот интернационалец Дејан Тантуровски се враќа во редовите на босанскиот прволигаш Орашје.

24-годишниот Тантуровски претходно во сезоната 2015/2016 веќе го носеше дресот на Орашје, но изминатава сезона се врати во домашниот шампионат во редовите на Македонија ЃП.

Поранешниот фудбалер на Металург треба да биде сериозно засилување за Орашје во новата сезона во најсиланата лига во Босна и Херцеговина, во која како што е познато се врати и Крсте Велковски во редовите на Сараево.

Се вчитува...