Трагедија во ринг – боксер почина по нокаут (видео)

Поранешниот борец во „ултимејт фајт“, 34-годишниот Тим Хаг, се пресели во професионланиот бокс и тоа на крај го плати со живот. Хаг почина неколку часа после кобниот нокаут што го доживеа во борбата со Адам Брејдвуд.

Тоа беше негов четврти боксерски меч, после една победа и два порази. Тим Хаг падна по ударот на Брејдвуд, а неговиот медицински тим не успеа да го поврати во рингот после што итно е префрлен во болница каде му е утврдено дека има крварење во мозокот. Хаг е опериран, но останува во кома од која за жал, не се ни разбудува.

Тим Хаг ја почна боречката кариера во 2006 година како борач во „ултимејд фајт“ и имаше скор од 21 победа и 13 порази.

Се вчитува...