Тричковски исклучен поради удар без топка на противнички фудбалер (видео)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски не го дочека крајот од дуелот за АЕК Ларнака на гостувањето против Аполон во кипарскиот шампионат, поради исклучување во 31. минута од средбата.

Тричковски удри без топка противнички фудбалер, по една мешаница пред домашниот гол, но возвраќајќи откако претходно пак доби лакт во стомак… Сето тоа беше забележано од главниот судија кој му додели директен црвен картон.

АЕК Ларнака на крајот го загуби мечот со 3-2, останувајќи со се помалку шанси во трката за шампионската титула сезонава на Кипар.

* Причината за црвениот картон на Тричковски може да ја погледнете на временскиот исечок – 3:49…

Се вчитува...