У16: Победа на Македонија на стартот на развојниот турнир на УЕФА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28
Фудбал
24/06/2017 22:41
Фудбал
24/06/2017 20:21

У16: Победа на Македонија на стартот на развојниот турнир на УЕФА

У16: Победа на Македонија на стартот на развојниот турнир на УЕФА

Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна својот настап на развојниот турнир на УЕФА што се одржуваво Скопје. Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ со 2:1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.

Македонија до 16 години доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи стопроцентната шанса. Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне израмнувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.

На воведниот дуел од турнирот репрезентацијата на Романија со 1:0 славеше против Израел.

МАКЕДОНИЈА до 16 години – ЛИХТЕНШТАЈН до 16 години 2:1 (1:0)

УЕФА развоен турнир / Тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 – Агон Елези (15`); 1:1 – Лукас Грабер (47`); 2:1 – Џемал Ибиши (50`);

МАКЕДОНИЈА до 16 години: 12. Димитрија Ѓерасимовски, 2. Борис Јакимовски, 6. Божидар Митревски, 7. Кире Трпчевски (Бефтијар Бесир 67`), 9. Давид Тошевски (Куштрим Таири 40`), 10. Агон Елези, 11. Џемал Ибиши, 13. Ване Тасевски (Кристијан Трпчевски 59`), 14. Христијан Стојановски (Ален Личина 57`), 15. Владан Новевски (Емил Скоко 67`), 20. Бојан Димовски (Димитар Тодоровски 40`); Селектор: Горан Станиќ

Лихтенштајн до 16 години: 12. Габриел Фосер, 2. Андрин Нецер (Еденбергер 40`), 4. Лукас Бухел (Хаслер 67`), 6. Фабијан Унтенрајнер, 7. Ноа Грабер, 9. Ферхат Саглам, 10. Ноа Фрик, 11. Лукас Грабер, 16. Тим Шрајбер, 17. Арон Салановиќ, 20. Никлас Бек (Тахири 56`);

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.