УЕФА му честиташе роденден на Интер, а на фотката и „Гранде Пандев“

Европската куќа на фудбалот му го честиташе 110.роденден на италијанскиот калчолигаш Интер, а во посвета секако е фотографијата од последниот трофеј во Лигата на шампионите. Во тимот на „нероаѕурите“ во сезоната од бајките (2009/10) беше и „Гранде Пандев“, капитенот на македонскиот национален тим. Тој беше стартер во тимот на тогашниот тренер Жозе Мурињо, а Интер го совлада Баерн Минхен со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ со головите на Диего Милито во 35. и во 70.минута.

Се вчитува...