Урош Зорман ја заврши репрезентативната кариера - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/08/2017 22:22
Кошарка
22/08/2017 20:10
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31

Урош Зорман ја заврши репрезентативната кариера

Урош Зорман ја заврши репрезентативната кариера

Долгогодишниот капитен на репрезентацијата на Словенија, Урош Зорман (37) стави крај на репрезентативната кариера. Причина за овој потег на ракометарот на Кјелце беше одлуката на селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, да го стави искусниот репрезентативец на списокот на резерви за предстојните натпревари со Германија во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, поради слабата форма

„Никому немам што да му замерам, не сум ниту лут, ниту тажен. Легитимната одлука на селекторот да ме стави на списокот на резерви доведе до тоа да ја завршам репрезентативната кариера денеска. Тој решил по сопствена волја, а ако сум навистина во таква лоша состојба, нема смисла. Ништо во кариерата не ми било подарено. Затоа коментарите за Дедо Мраз не се на место и не се за јавност“ – прокоментира Урош Зорман за својата одлука.

Зорман го носеше дресот на словенечката репрезентација 18 години, дебитираше за Словенија во 1999 година, а последниот меч го одигра лани против Швајцарија во Велење. Тој е рекордер во словенечката репрезентација со 225 настапи и 523 гола и носител на среброто од ЕП 2004.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.